ЗК „Пелагонија“ ја продава гасната централа во Логоварди

Компанијата ги продава сите удели во оваа централа за производство на електрична енергија која има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати електрична енергија.

1709

ЗК „Пелагонија“ ја продава централа на биогас во Логоварди која има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати струја од биогас, објави компанијата на сајтот на Македонска берза.

Компанијата ги продава сите удели во оваа централа за производство на електрична енергија која има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати електрична енергија.

Почетната цена за продажба е 6,7 милиони евра. Гасната централа има лиценца за производство на електрична енергија од биогас до 2030 година.

Цената на мегаватчас за овој вид енергија е 180 евра.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...