Гете-институт Скопје во соработка со Кинотека на Мекедонија по седми пат го организира Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ).
Фестивалот ќе се одржи од 23 до 28 април 2018 во Кинотека на Македонија и на него ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади.
На програмата се наоѓаат пет актуелни и возбудливи играни филмови. Сите ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.