Нов Зеланд стана првата земја што дозволи исплата на плати во криптовалута.Власта одлучи да го прифати биткоинот како средство за исплата на платите, бидејќи оваа криптовалута е поврзана и со стандардните валути.
Странските медиуми информираат дека даночната служба на Нов Зеланд одлучила да дозволи исплата на плата во криптовалутa со услов таа да е поврзана со најмалку една стандардна валута. Властите на Нов Зеланд исто така бараат избраната криптовалута да може директно да се конвертира во некоја стандардна форма на плаќање.
Одлуката на новозеландските власти стапува од 1 септември кога тамошните работници ќе бидат испаќани во биткоин, најголемата светска криптовалута според пазарната вредност.