Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека неговата функција го чини цело богатство, јави Ен-Би-Си. Според него, откако е претседател загубил меѓу три и пет милијарди долари.
– Тоа што сум претседател на САД веројатно ме чини помеѓу три и пет милијарди долари – рече Трамп.
Тој потенцира дека дел од таа сума се трошела на адвокати бидејќи секој ден некој поднесувал тужба против него.
Според телевизискиот канал, тие тврдења не можат да бидат проверени затоа што претседателот не поднел даночна пријава.
Трамп е првиот претседател на САД кој одбил да поднесе свои даночни пријави
Сепак, според рангирањето на магазинот „Форбс“, вкупната вредност на неговиоте активи е околу 3,1 милијарди долари.
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER