Аргентинскиот претседател Маурисио Макри соопшти денеска дека ќе ги зголеми субвенциите во областа на социјалната заштита и ќе ги намали даноците на приход на работниците.
Овие одлуки се дел од пакетот мерки наменети за ублажување на ефектите од економската криза во земјата. Цените на бензинот ќе бидат замрзнати 90 дена како дел од најавениот пакет мерки.
Аргентинскиот претседател, исто така, рече дека е свесен за финансиските тешкотии со кои се соочуваат граѓаните, во услови на рецесија и стапка на инфлација од дури 55 проценти.
– Знам дека многу семејства толку многу ги намалија своите трошења, што веќе не знаат од каде да скусат, рече Макри.