Бура евакуираше 300 илјади луѓе во Јапонија

71

Јапонските власти побараа 310.000 луѓе да се евакуираат од своите домови на островот Шикоку, најмалиот од четирите главни јапонски острови, а околу 350 летови се откажани поради тропското невреме Кроса, кое се приближува до архипелагот.

Тропско невреме придружено со налети на ветер од 108 километри на час, се движи од север кон југозападна Јапонија.

Јапонската Метеоролошка служба објави дека се очекува Кроса да стигне до копното во раните утрински часови.

Во текот на следните 24 часа, метеоролозите најавуваат голема количина дожд на островот Шикоку.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...