Сопственик и уште неколкумина други се изведени пред суд во Задар, оти вербално се судриле со туристи на плажата Голубинка, кои негодувале бидејќи на едрилицата „завртеле“ јагне на ражен.
Тоа се случило завчера, кога едрилицата впловила на плажата. Откако сопственикот и неговите гости се симнале од едрилицата, тие решиле да испечат јагне на ражен, па настанала караницата, по што интервенирала и полицијата.
Сите лица од едрилицата се изведени пред Прекршочен суд.