Бугарските потрошувачи се помалку купуваат свинско месо од делчевските месарници поради неможноста да го внесат во нивната земја. Контролата на граничниот премин е зајакната, а утрово поради прцедурите, имало задржувања и до 1,5 час.
– Порано, пред да се појави свинската чума, најредовните муштерии ни беа од Бугарија. Самите велат дека на граница имаат проблеми за внес и затоа овде почесто го консумираат месото одошто го купуваат – вели Страшо Ангеловски,месар од Делчево.
Зголемените контроли за внес на свинско месо на граничниот премин „Станке Лисичково” го забавија сообраќајот на граничниот премин кај Делчево.
– Во Бугарија има епидемија на свинска чума и затоа лицата задолжени за преглед не прашуваа дали внесуваме месо. Поради присуството на товарни возила постапката траеше подолго и задржувањето како што ни објаснија бугарските граничари трае подолго од вообичаената постапка – рече еден од возачите.