Преносните уреди на „Епл“ поприходни од оние на „Мек“ и „АјПад“

„Епл“ ја надмина бројката од 70 милиони продадени преносни уреди за една година, при што тој сектор во „Епл“ расте меѓу 55 и 60 отсто на годишно ниво. Исто така, еден од пет продадени уреди на „Епл“ е уред што се носи.

71

Аналитичарите на Абов Авалон велат во нова аналзиа велат дека бизнисот на „Епл“ со преносни уреди, како што се „Епл Воч“ и „ЕрПодс“, ќе ги надмине приходите на компанијата од „Мек“ компјутери и „Ајпад“ до крајот на следната година.

„Епл“ официјално не ги објавува резултатите од продажбата на уреди што се преносиви, но во Абов Авалон објавија своите предвидувања за финансискиот модел на „Епл“ и за вкупните резултати од продажбата.

„Епл“ ја надмина бројката од 70 милиони продадени преносни уреди за една година, при што тој сектор во „Епл“ расте меѓу 55 и 60 отсто на годишно ниво. Исто така, еден од пет продадени уреди на „Епл“ е уред што се носи.

Слушалките „AirPods“ забележаа зголемување од продажбата од 80 отсто, а порастот на цената на Apple Watch и на AirPods секако помогна за зголемувањето на приходите на „Епл“.

Абов Авалон, исто така се нагласуваат и посебна категорија за промена на приходите помеѓу третиот квартал од минатата година и третиот квартал од оваа година, каде што секторот за преносни уреди на Епл сега е втор по приходи веднаш зад секторот на услуги (iTunes, Apple Music, App Store, iCloud и Apple Pay) со зголемување односно промена на приходите од 1,2 милијарди американски долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...