Светска банка со регионален проект за олеснување на трговијата на Балканот

Светска банка подготвува регионален проект со кој би требало да се олесни трговијата на територијата на Балканот,

129

Светска банка подготвува регионален проект со кој би требало да се олесни трговијата на територијата на Балканот, изјави вишиот економист на Светска банка, Лазар Шестовиќ.

Тој смета дека нема логика на границите да се гледаат километарски колони камиони.

Проектот треба да биде одобрен летово, а досега начелно за негова примена се заинтересирани Македонија, Србија и Албанија, пренесува „Политика“.

Весникот наведува дека секојдневно камионите со стока кои чекаат на граница го чинат регионот 800 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...