Заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор со Србија

450

На денешната седница на Владата е прифатен усогласениот текст на спогодбата со Владата на Република Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС).

На седницата е усвоена Информација за склучување спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС), разгледан и прифатен е усогласениот текст на спогодбата, а директорот на Царината Ѓоко Танасоски е овластен да ја потпише.

– Разгледана и усвоена е и информација во врска со новоусогласениот текст на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за регионален развој и урбанизам на Република Бугарија, беше разгледан и усвоен новоусогласениот текст и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше овластен да го потпише и да ја информира Владата за неговата реализација, соопшти владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...