Грчкото воено воздухопловство денеска информираше дека борбен авион од типит Мираж 2000-5 паднал во близина на островот Скирос.
Според гчкиот весник „Катимерини“ се работи за еден од двата авиони кои биле испратени да пресретнат турски борбени летала над Егејско Море.
Според весникот, се верува дека не дошло до непријателско соочување, но се уште нема официјална потврда за причината за уривањето на грчкиот воен авион.
Бродови на грчката морнарица го пребаруваат местото на инцидентот, во потрага по пилотот.