Меѓународен ден на летот во Вселената

Советскиот космонаут Јуриј Гагарин на 12 април 1961 година, замина во Вселената со вселенскиот брод „Восток 1", и во орбитата мина околу 108 минути.

86

Меѓународниот ден на летот во Вселената, односно годишнината од првиот лет на човекот во Земјината Орбита воопшто, ширум светот се одбележува денеска.

Советскиот космонаут Јуриј Гагарин на 12 април 1961 година, замина во Вселената со вселенскиот брод „Восток 1″, и во орбитата мина околу 108 минути.

Генералното собрание на ОН во 2011 го прогласи 12 април за Меѓународен ден на лет во Вселената.

Во таа резолуција се наведува дека Меѓународниот ден е установен за „секоја година на меѓународно ниво да се прослави почетокот на вселенската ера на човештвото“, што говори за напредокот во астрономијата и технолошките достигнувања околу нејзино освојување, како и за „остварувањата на човекот на неговиот стремеж за освојување на Вселената да биде користен во мировни цели“.

Генералното собрание изразува убеденост дека заеднички интерес на човештвото е поинтензивно истражување на Вселената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...