Шешељ: Пресудата е противправна, ќе преземам мерки против неа

Шешељ тврди дека според англосаксонското право, Жалбениот совет не можел првостепената ослободувачка пресуда да ја преиначи во пресуда со која се осудува.

234

Лидерот на Српската радикална партија (СРС) Војислав Шешељ оцени дека вчерашната пресуда која против него ја донесе Жалбениот совет на Механизмот на кривични судови во Хаг е противправна и додаде дека ќе преземе одредени мерки против неа.

Тој изјави дека ќе поднесе барање за преиспитување на правосилната пресуда во Хаг. Шешељ тврди дека според англосаксонското право, Жалбениот совет не можел првостепената ослободувачка пресуда да ја преиначи во пресуда со која се осудува, туку дека можело само да бара повторно судење.

– Тие можеа да ја укинат пресудата и да ја вратат на повторна постапка, вели лидерот на радикалите и додаде дека второстепената пресуда против него ја донеле оние кои „никогаш во животот не го виделе“.

Тој изјави за Н1 дека сите злосторства за кои Хаг го товари би ги повторил доколку би имал можност.

Шешпељ изјави дека е „многу горд на сите припишани воени злосторства и злосторства против човештвото и оти е подготвен во иднина повеќекратно да ги обнови“.

Жалбениот совет во Хаг делумно вчера го прифати барањето на Обвинителството и го осуди Воислав Шешељ на 10 години затвор. Но, Шешељ нема да оди во затвор бидејќи во притворот во Хашкиот трибунал за време на судењето помина вкупно 11,5 години.

Шешељ со првостепената пресуда ослободен е од сите обвиненија на Хашкиот трибунал. Со првостепената пресуда на судскиот совет на Хашкиот трибунал донесена на 31 март 2016 година, Шешељ беше ослободен по сите девет точки од обвинението, кое го товареше дека со говор на омраза поттикнуваше и ги поддржуваше воените злосторства во Хрватска и во Босна и Херцеговина, како и за протерување на Хрватите од Војводина.

На таа пресуда жалба поднесе Хашкото обвинителство, а Шешељ поднесе пишан одговор на жалбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...