Осомничениот за нападот во Норвешка и за убиството на својата полусестра се појавил на суд со модринки (ВИДЕО)

926
ФОТО: EPA / CORNELIUS POPPEN

Осомничениот за нападот во џамијата во предградјето на Осло и за убиството на својата полусестра се појавил на суд со модринки.

Филип Мансхаус имал модринки на очите, лицето и вратот, а се изјаснил дека не е виновен за нападот во џамијата и барал да биде ослободен. Ова го кажал неговиот адвокат.

– Тој го користи правото да не биде испрашуван и не ја признава вината – рекол неговиот бранител, Уни Фрис Ројтерс.

Најмалку едно лице било рането во пукањето во џамијата во саботата.

Напаѓачот, кој носел заштитно елече, го совладале верници уште пред да дојде полицијата.

ФОТО: EPA / CORNELIUS POPPEN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...