Штетата од бурите и поплавите во САД се проценува на 1,2 милијарди долари

Таа сума може да се зголеми во блиска иднина бидејќи голем број држави не објавиле конечни суми за штетите.

42
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

Економските штети нанесени врз инфраструктурата на 24 американски држави од бури и поплави во првата половина од оваа година, се проценети на 1,2 милијарди долари.

Според американски медиуми кои направиле таква анализа врз основа на официјални податоци, опфатени се штетите врз патишта, мостови, компании за јавни услуги, државни згради и јавни паркови. Таа сума може да се зголеми во блиска иднина бидејќи голем број држави не објавиле конечни суми за штетите.

Федералната влада презеде обврска да обезбеди финансиска помош за штетите, нагласуваат американски медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...