Британскиот премиер Борис Џонсон најави итна ревизија на казните за опасни злосторства откако вети отворање дополнителни 20.000 работни места за полицајци како и нови 10.000 места во затворите.
Џонсон сака да задржи воспоставување ред и закон високо на листата на политички приоритети, јавија британски медиуми.
Кабинетот соопшти синоќа дека преиспитувањето ќе се фокусира на тоа дали насилниците и сексуални престапници издржувале казни кои се соодветни за нивните злосторства. Тој смета дека со цел обезбедување доверба во системот, казната мора да одговара на злосторството.
Најавено е дека денеска тој ќе прими високи полициски претставници за да се разговара за неговиот план.
Џонсон најави 10.000 нови затворски места што ќе чини оклу 2,5 милијарди фунти и поголеми овластувања за полицијата во сегментот на запирање и претрес на поединци.
ФОТО: EPA / NEIL HALL