Кина: Велика Британија нема право да се меша, Хонг Конг одамна не е колонија

Пред два дена, Раб телефонски разговараше со шефицата на владата на Хонг Конг, Кери Лем, и притоа повика на истрага за протестите.

256
Photo: EPA / JEROME FAVRE

Пекинг и порача на Велика Британија да не се меша во внатрешните работи на Кина, откако шефот на британската дипломатија Доминик Раб повика на независна истрага за неодамнешните протести во британската поранешна колонија Хонг Конг.

Пред два дена, Раб телефонски разговараше со шефицата на владата на Хонг Конг, Кери Лем, и притоа повика на истрага за протестите.

– Не е во ред британската влада директно да ја повикува шефицата на владата на Хонг Конг за да изврши притисок – рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.

Наведувајќи дека Хонг Конг веќе не е британска колонија,тта рече и дека Велика Британија нема право да врши надзор.

– Кинеската страна ја повикува Велика Британија да престане да се меша во внатрешните работи на Кина и да престане со запалливи и произволни обвинувања на сметка на Хонг Конг – додаде таа.

Photo: EPA / JEROME FAVRE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...