АХВ: Болеста антракс ја има само во едно одгледувалиште, нови случаи нема

Во соопштението се додава дека заболени луѓе од антракс нема, а нема и нови случаеви на појава на болеста кај добитокот нема.

275

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека засега болеста антракс е детектирана само кај едно одгледувалиште во село Долно Строгомиште во Кичевско, додека соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар. Нови случаеви на појава на болеста кај добитокот нема.

Реакцијата на АХВ дојде по денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која беше кажано дека има индиции оти има една заболена овца со антракц, а 30 вработени на Факултетот за ветерина земале медикаменти.

„Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се спалени и нештетно отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција. Донесена е и забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето“, соопшти АХВ.

Во соопштението се додава дека заболени луѓе од антракс нема, а нема и нови случаеви на појава на болеста кај добитокот нема.

„Одржан е итен соостанок на Комисијата за заразни болсети при Министерството за здравство, спроведени се и епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата, а се врши и едукација на населението од ова населено место.Се спроведува интерна постапка за утврдување на почитување на пропишаните процедури во случај на појава на зоонозни болести кај животните. Наредена е мерка спроведување на вакцинација кај добитокот против болеста антракс во оваа населено место“, соопшти АХВ.

Од АХВ упатуваат апел ваквите состојби да не се злоупотребуваат и користат во политички цели, непотребно да не се менипулира и злоупотребува народот, туку да се верува на институциите кои се грижат за заштита и на здравјето на граѓаните и на животните.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...