Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
„Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот проток на луѓе, стоки и услуги. Гасификацијата е еден од највредните проекти за граѓаните и компаниите на нашата земја. Изградени се 216 км гасовод ширум државата.Фокусирани сме на изградба на водоводи и канализации заради подобрување на животот на граѓаните. Досега изградени се над 30 км водовод за 310.000 жители и 37 км канализација за 22.500 жители. Заедно ја градиме Северна Македонија. Ја правиме убаво место за живеење. Градиме по план!“, напиша Заев.
Заедно ја градиме Северна Македонија. Градиме по план!
Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите.Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот проток на луѓе, стоки и услуги. Гасификацијата е еден од највредните проекти за граѓаните и компаниите на нашата земја. Изградени се 216 км гасовод ширум државата.Фокусирани сме на изградба на водоводи и канализации заради подобрување на животот на граѓаните. Досега изградени се над 30 км водовод за 310.000 жители и 37 км канализација за 22.500 жители.Заедно ја градиме Северна Македонија. Ја правиме убаво место за живеење. Градиме по план!
Posted by Zoran Zaev on Недела, 11 август 2019