Националната електромрежа на Велика Британија соопшти синоќа дека е отстранет проблемот поради кој вчера немаше струја во делови на Лондон и во југоисточна Англија.
Поради прекин во снабдувањето со електрична енергија не сообраќаа возовите и не работеа семафорите, а имаше проблеми и на аеродромите.
– Имаше дефект на два генератори, што доведе до прекин на елетричното напојување во одредени делови на земјата – изјави портпаролката на Електромрежа, додавајќи дека проблемот е решен