Командантот на Безбедносните сили на Косово (БСК), генерал-полковник Рахман Рама, најави дека до 2021 година косовската армија ќе биде во воена мисија по првпат со американската војска во Ирак или Авганистан.
– Учеството на Косово во мировните мисии ќе биде големо достигнување – изјави Рама за Радиотелевизија Косово.
– Јас велам, со целосно убедување, дека косовските војници, заедно со Националната гарда на Ајова, ќе бидат на тие позиции во воените мисии – прецизира тој.