Австрија е земјата од ЕУ која има најголем прираст на странци

141

Најновите бројки од Евростат, канцеларијата за статистика на ЕУ, покажуваат дека Австрија, во споредба со 2010 година, има најголем пораст на бројот населението од странско потекло во цела Европска унија.

Во апсолутни бројки, Германија има најголем број странци – повеќе од девет милиони, но учеството во населението е најголемо во Австрија, која е десетпати помала според бројот на жители. Само Луксембург, но со многу мал раст, има удел од 48 проценти.

За странци Евростат ги смета граѓаните на други земји од Унијата, како и оние од т.н. трети земји.

Во моментов, во Австрија живеат 1.385.823 странци, половина милион повеќе отколку во 2010 година, што претставува зголемување за 56 проценти. За споредба, растот во Германија беше „само“ 35 проценти, или дополнителни 2,5 милиони.

Кога станува збор за учеството на странците во австриското население, тој достигна 15 отсто и е повисок од сите земји членки на ЕУ, вклучително и Германија, каде што е 11 проценти.

Бројот на странци се намали во Летонија за 13 проценти, во Шпанија за 10 проценти, а негативен тренд е забележан во Грција, Унгарија и Португалија.

Што се однесува до земјите на потекло, во Австрија најголем број странско население го сочинуваат Германци (192.426), а потоа следат Срби (121.348) и Турци (117.231).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...