За мачнината при патување најчесто е виновно пореметувањето на системот за рамнотежа при самото патување.
Во автомобил најповолно место е предното совозачко седиште, затоа што ќе можете да гледате напред во далечината и да бидете подготвени за движењата кои ве очекуваат.
Покрај слабоста се јавува и вртоглавица, мачнина, главоболка, недостаток на воздух, потење, пад на крвниот притисок…
Симптоми
Мачнината при патување може да вклучува повеќе симптоми, меѓу кои најчести се:
– вртоглавица;
– замор;
– главоболка;
– блед изглед на лицето;
– зголемено лачење на плунка;
– ладна пот;
– повраќање
Некои едноставни мерки, сепак, можат да ги ублажат овие непријатни симптоми:
– пред да тргнете на пат, проветрите и раздладете го автомобилот;
– пред патувањето избегнувајте мрсна и зачинета храна;
– додека се возите, отворете го малку прозорецот со цел постојано да имате свеж воздух;
– седете на предното седиште доколку не возите;
– гледајте пред себе или далеку во пределот, не се завртувајте назад, не читајте, не гледајте во белите линии на патот, а особено немојте да пушите во колата;
– немојте да користите силни парфеми бидејќи ќе ви предизвикаат мачнина;
– правете почести паузи;
– ставете чечкала за заби меѓу забите и дишете преку устата;
– таблетите против повраќање имаат успивачки ефект, па наместо нив можете да го пробате природниот напиток од ѓумбир во вид на чај, или да џвакате свежи листови од нане.