Роман Абрамович за 24 часа останал без 534 милиони долари. Сопственикот на Челзи е еден од бројните руски богаташи кои губат пари поради санкциите на САД. Како што пренесува московски „Times”, 50-те најбогати луѓе во Русија изгубиле 12 милијарди долари првиот ден откако се воведени санкциите.
Колку и да е богат, нема сомнение дека оваа финансиска загуба ќе влијае на неговото работење во Челзи.
Челзи оваа сезона се мачи на фудбалските терени, не само што не е во игра за одбрана на насловот првак, туку и многу веројатно ќе остане и без пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
Абрамович не е единствениот олигарх кој изгубил голем дел од богатството. Најтешко настрадал Олег Дерипаска, откако санкциите, покрај него лично, ги погодиле и компаниите чиј е сосопственик.
Според проценката на “Forbes”, богатството на Дерипаска денес е намалено за 1,3 милијарди долари, за колку што е намалено и богатството на Владимир Потањин.
ФОТО:EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA