Поплавите во Виетнам зедоа осум жртви

32
ФОТО: EPA / MINH HOANG

Поројните дождови и големите поплави во јужните и централни делови на Виетнам предизвикаа осум жртви, јавија денеска локалните власти, пренесе ДПА.

Жртвите биле регистрирани во пет провинции во центрачниот планински регион, информираа од Комитетот за приордни несреќи и превенција.

Повеќе од 1.435 куќи и 10.199 хектари земјоделски култури се уништени, повеќето во провинцијата Лам Донг.

Во дел од овој регионот во ноќта меѓу понеделникот и вторникот наврнаа повеќе од 300 милилитри дожд.

Околу 220 семејства беа евакуирани во провинцијата Дак Нонг, поради стравувањата дека ќе дојде до пукање на браната на хидроцентралата Дак Лар.

Националниот Центар за метеорологија и хидрологија информира дека денеска се очекуваат уште поројни дождови, за од утре да почне постепеното смирување на ситуацијата.

Поплавите со смртни последици се честа појава во Виетнам. Управувачкиот комитет за природни несреќи и превенција информира дека минатата година во природните несреќи загинало 181 лице.

ФОТО: EPA / MINH HOANG

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...