Британија ќе одржи избори неколку денови по Брегзит

221
ФОТО: EPA / NEIL HALL

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе одржи избори неколку денови по Брегзит доколку пратениците ја соборат неговата влада, изгласувајќи и недоверба, објави денеска весникот Фајненшл Тајмс (ФТ), повикувајќи се на анонимни високи советници на британскиот премиер.

Весникот пишува дека советниците на премиерот очекуваат дека тој ќе се соочи со гласање недоверба многу брзо откако Парламентот ќе се врати од летниот одмор.

– Ние не можеме да спречиме да не принудат на нови избори, но ја контролираме временската рамка за да закажеме датум на избори по 31 октомври. Доколку мора да има парламентарни избори, тие ќе се одржат неколку денови по 31 октомври – истакнал висок претставник на Даунинг Стрит.

Друг близок советник на Џонсон не негирал дека избори ќе се одржат во првите неколку денови од ноември, наведува ФТ.

ФОТО: EPA / NEIL HALL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...