Русија ги замрзна сметките на опозиционерот Алексеј Навални

Меѓу замрзнатите сметки е и сметката на Антикорупцискиот фонд основан од Навални, лични сметки на некои негови соработници, како и оние што му припаѓаат на неговиот штаб.

80
ФОТО: EPA / SERGEI ILNITSKY

Руските власти замрзнаа банкарски сметки поврзани со лидерот на опозицијата Алексеј Навални, кој е во затвор заради истрага за наводно перење пари, соопштија истражителите.

Меѓу замрзнатите сметки е и сметката на Антикорупцискиот фонд основан од Навални, лични сметки на некои негови соработници, како и оние што му припаѓаат на неговиот штаб.

Овој потег доаѓа откако истражителите во саботата отворија кривична истрага дека Фондацијата Навални наводно испрала една милијарда рубљи (околу 15,31 милиони долари).

Навални и неговите соработници тврдат дека Фондацијата транспарентно е финансирана од јавни донации.

Навални во моментов е во затвор поради кршење на руските строги закони за протести.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...