Весели одби да биде премиер на Косово

134
ФОТО: -EPA-EFE-VALDRIN-XHEMAJ

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека ја одбил понудата, како претставник на владејачката коалиција, да биде нов премиер на Косово.

– Вистина е, имаше понуди да се продолжи овој мандат до 2021 година, со мандатар за премиер од Демократската партија на Косово, односно со мене. Имаше понуди и од партии кои во јавност зборуваат за многу брзи предвремени избори – нагласи Весели.

Тој истакна дека тоа нема да се случи поради околностите во кои се наоѓа Косово моментно и дека граѓаните заслужуваат влада која ќе ги води на патот за подобра перспектива и борба против корупцијата.

ФОТО: EPA-EFE-VALDRIN-XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...