Загинаа момче и девојка додека разменуваа нежности на мост во Перу, пренесува „Дејли мејл“.
Мејбет Еспиноз и Хектор Видал се враќале дома од ноќен клуб во саботата, кога паднале од мостот и ги изгубиле животите.
Тие запреле да се бакнат некаде после еден часот по полноќ, а на видеото се гледа како 34-годишната Мејбет седи на работ со нозете околу 36-годишниот Хектор. Таа ја губи рамнотежата и го повлекува својот партнер со неа.
Мејбет загинала на лице место, а Хектор им подлегнал на повредите во болница.