Едвај излезе во 8, ми се враќаш во 9, ајде назад на игралиште!

Ова беше дел од кавгата што ја слушнав синоќа помеѓу соседот и неговиот малолетен син. Звучеше чудно, сосема спротивно од вообичаените кавги со родителите во мое време кои звучеа отприлика вака: Знаеш ли ти дека е веќе полноќ, кај си до сега???

459

Одејќи по мојата улица, синоќа околу 21 часот наидов на моите соседи, татко и малолетен син кои седеа пред врата и се расправаа.

Синот сакаше да влезе дома, а татко му запнал да оди да си поигра уште малку.

Не ми се веруваше дека добро слушам. Не дека незнам што се случува со децава и дека тие повеќе сакаат да седат пред екраните отколку да играат фудбал, кошарка или мижитатара во училишниот двор, ама кога ќе слушне човек како звучи една ваква расправија, не може да остане размнодушен, особено кога станува збор за нашата генерација.

Убаво се сеќавам дека секогаш молевме за уште пет минути играње кај клупите на „Партизанска“, во дворот на „Ј.А.Коменски“, на мексиканското игралиште или на некоја од уличкиtе во маало.

И сите тие дополнителни пет минути, траеја барем половина час!

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...