Се огласија бившите девојки на напаѓачот од Дејтон, бил добар кон нив и слушал гласови во главата

1083
ФОТО: Твитер

Поранешната девојка на 24-годишниот Конор Бетс, кој во неделата во еден часот по полноќ на улиците на Дејтон уби деветмина, а рани најмалку 27 лица, открила шокантни детали од неговото минато.

Откако неговите поранешни соученици изјавија дека Бетс како средношколец имал „листа за убивање“, се огласила и Линдзи Дол. Според неа, на Бетс му се допаѓало тоа да биде насилен кон девојките.

Линдзи кажала дека се забавувала со Бетс во средно училиште и дека врската траела нешто помалку од година дена. Како што појаснила, штом се зближила со него, пријателки почнале да и кажуваат оти тој не бил добар кон девојките и бил насилен.

Таа признала дека кон неа никогаш не покажал знаци на насилство, но од други слушнала дека имал „листа за убивање“ и „листа за силување“, па им се заканувал на девојки, поради што бил исфрлен од училиште.

Слушнала и дека една девојка фрлил во река, пренесува „Блиц“.

– Ме загрижуваше тоа што зборуваа. Им се доверив на пријатели, но и на вработените во училиште. Им реков дека стравувам дека тој може да повреди некого или да се повреди себеси. Изгледа никој не ме сфати сериозно – додала таа.

Кога ги слушнала вестите за нападот, прво била шокирана, но потоа сфатила дека од него тоа се очекувало.

– Ми зборуваше дека слуша гласови во главата и дека има страшни халуцинации кои го мачеле ноќе. Некогаш ми ѕвонеше и со солзи ми кажуваше дека се плаши за самиот себе. Ми рече оти гласовите го терале да повреди други лица – тврдела поранешната девојка на Бетс.

Нејзе не и е јасно зошто тој ја убил својата сестра Меган, бидејќи како што кажала, изгледале како „нормални брат и сестра“.

– Таа беше прекрасна, весела личност. Многу паметна и талентирана. Секогаш беше насмеана. Заедно се смееја, заедно излегуваа во град. Секогаш зборуваше само добро за неа, воопшто не ми е јасно зошто тоа се случило – додала таа.

Друга поранешна девојка на Бетс, Аделија Џонсон, кажала дека додека се забавувала со него, тој бил вистински господин. Се запознале на час по психологија и тој бил фасциниран со трагедии, особено со масовно пукање.

– Затоа и наводно ја проучуваше психологијата. Сакаше да знае што ги тера луѓето да направат такви ужасни работи – рекла таа, додавајќи дека на првиот состанок тој и покажал видео од таков немил настан.

Според нејзините зборови, Бетс страдал од биполарно пореметување, а таа од депресија, но имала проблеми и со анксиозност и недостаток на внимание. Бетс зборувал за тоа како сакал да им нанесе болка и на другите и себеси, но таа сметала дека тоа се симптоми на болеста која го мачи и која се обидувал да ја излечи.
ФОТО: Твитер
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...