Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со жртвите и спасувачките тимови од масовните пукања минатиот викенд во Тексас и Охајо. По пристигнувањето беше пречекан со протести, а дел од демонстрантите го обвинија дека поттикнува тензии со својата антиимигрантска и расно обоена реторика.
Во Ел Пасо, на границата со Мексико, Трамп го посети Универзитетскиот медицински центар каде се лекуваат повредените лица откако маж, кој на интернет објави антиимигрантски манифест, во саботата уби 22 лица во продавницита Валмарт.
Стотици демонстранти, од кои некои носеа транспаренти на кои пишуваше „Трамп е расист“ и „Испратете го назад“, се собраа во блискиот парк за да протестираат против неговото присуство.
Претходно, Трамп се сретна и со жртвите од пукотницата во Дејтон, Охајо, каде во болницата Мајами Вели ги посети ранетите од нападот во кој загинаа девет лица плус напаѓачот.
Демонстрантите во близина на болницата извикуваа: Стори нешто!
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS