Илјадници лица во Бугарија протестираа против реформата за инвалидските пензии, која Владата планира да ја спроведе поради наводни злоупотреби.
Бугарија на име инвалидски пензии исплаќа околу 1,7 милијарди лева (0,87 милијарди евра) годишно.
Според официјалната статистика, околу 900.000 исплати секоја година се уплатуваат на сметката на 500.000 луѓе и поради постоењето на ова несогласување постои сомнение дека станува збор за злоупотреби.