Во британските затвори секој десетти затвореник-странец е Албанец

245

Дури 10 отсто од странските затвореници во Велика Британија се Албанци. Нивниот број се зголемил петпати во изминатите 10 години, оставајќи ги зад себе другите затвореници од полска или романска националност, пренесува тиранската телевизија Ора њуз.

Британската полиција, како што наведува телевизијата, потврдува дека албанските банди се најопасни во Велика Британија и главно работат на трговија со дрога, најчесто кокаин.

– Еден од десет странски затвореници во Велика Британија е Албанец, кои веќе го контролираат пазарот на кокаин во земјата. Албанците се најбројни затвореници по самите Британци. Тие ги надминаа и Полјаците во однос на бројот на странски затвореници во Британија – наведува телевизијата, повикувајќи се на британското Министерство за правда.

Бројката на затворенците-Албанци во јуни 2018 годна изнесува 876 наспроти 475 колку што имало во 2015 година. Пред една деценија во британските затвори имало 166 Албанци.

Само во изминатите два месеца, властите уапсиле неколку организирани групи Албанци кои дистрибуирале кокаин вреден милиони фунти преку услугите на „call center“, а потоа се фалеле по социјалните мрежи со огромните приходи од нивната криминална дејност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...