Салото најбрзо се топи ако вежбате во овој период од денот

Покрај тоа што ќе изгледате подобро, ќе бидете поздрави и подобро ќе се чувствувате.

751

Станувањето во 6 часот наутро за да одите на тренинг во теретана ви е невозможна мисија? Размислете повторно.

Истражувањето покажало дека физичката активност рано наутро влијае многу позитивно на вашето здравје и изглед. Луѓето кои вежбаат предпладне губат многу побрзо и повеќе килограми од луѓето кои вежбаат подоцна во текот на денот.
Околу 100 прекумерно тешки возрасни лица вежбале пет пати неделно во контролирани услови.

Секоја личност вежбала сè додека не согори 600 калории. По 10 месеци речиси сите во групата ослабнале, но податоците биле различни.

Подеталниот преглед на учесниците покажал дека распоредот на вежбањето многу влијаело на тоа колку килограми тие ќе изгубат. Учесниците вежбале во периодот од 7 часот наутро до 19 часот, а луѓето кои вежбале наутро ослабнале повеќе отколку луѓето кои оделе во теретана по 15 часот.

Уште една важна разлика што ја забележале била таа дека лицата кои вежбале наутро имале повеќе енергија во текот на денот и дека подобро ги совладувале работните задачи.

Вежбањето во кој било период од денот е одлично за здравјето, затоа практикувајте го што е можно почесто. Покрај тоа што ќе изгледате подобро, ќе бидете поздрави и подобро ќе се чувствувате.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...