Ако сте на диета, јадете пченка!

Пченката не дебелее, напротив, има исто толку калории колку јаболкото, но помалку од четвртина шеќер. Освен тоа, го штити срцето, има големи количини витамини Б, фолна киселина, бета каротен, витамин Ц, фосфор, калиум, магнезиум, антиоксиданти, лутеин и зеаксантин

937

Ако и вие како и повеќето луѓе мислите дека пченката има премногу калории, не сте во право. Една пченка има просечно од 80 до 100 калории. Содржи незаситени маснотии кои се сметаа за добри и го одржувааат здравото ниво на холестерол во крвта, ги смируваат воспаленијата и го чуваат здравјето на срцето. Бројни истражувања покажуваат дека пченката е одличен заштитник  на срцето заради големите количини витамини Б, фолна киселина, бета каротен, витамин Ц, фосфор, калиум, магнезиум, антиоксиданти, лутеин и зеаксантин

Иако многумина сметаат дека е обична достапна намирница која расте на поле, всушност е единствена намирница полна со активни соединенија кои се нарекуваат фитонутриенти за кои е докажано дека го штитат здравјето на организмот со антиоксидативните вредности.

Пченката е полна и со влакна кои се благодет за варењето. Освен што ќе ви помогнат да ја одржите линијата, влакната спречуваат запек, појава на хемороиди и наводно го намалуваат ризикот од рак на дебело црево.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...