„Епл“ со најголема загуба при вчерашното тргување на Волстрит

113

Водечките американски технолошки компании изгубија 162 милијарди долари при вчерашното тргување на Волстрит, при што најголема загуба забележа „Епл“.

Тоа е најдраматичен пад на американските индекси во 2019 година. „Мајкрософт“, „Епл“, „Амазон“, „Алфабет“ и „Фејсбук“ петте највредни американски компании заедно изгубија 162 милијарди долари, што покрена поголема криза на берзата, предизвикана, помеѓу другото поради загриженоста од трговска војна помеѓу САД и Кина.

Спомнатите компании во петокот загубија 66 милијарди долари од пазарната вредност.

Најголем пад на вредноста на акциите забележа „Епл“ до 5,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...