Дали би пробале сладолед од сенф?

Американците имаат национални денови за речиси сета храна што постои, а изминатиов викенд, поточно на 3.август, го одбележаа и Националниот ден на сенфот. Почесно место имал сладоледот од сенф

79

Компанијата French’s во соработка со Coolhause Ice Cream направила сладолед со вкус на сенф кој на јавноста ѝ беше претставен на американскиот ден на сенфот – првата сабота во август (3.08).

Како што се наведува на официјалната страница на French’s, после 105 години додавање сенф во сѐ и сешто, одлучиле на својата понуда да додадат нешто единствено и смело и така дошле до овој несекојдневен производ.

Иако се свесни дека сладолед од сенф звучи малку лудо, тие ги уверуваат купувачите дека има навистина одличен вкус.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: French®

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...