Скопјанец додека работел на нива пронашол вреќа со женски труп

1669

Маж додека работел на нива на патот кон скопското село Горно Оризари пронашол црна вреќа во која кога ја отворил имало женски труп.

Засега не е познат идентитетот на женското лице, телото по наредба на обвинител е дадено на обдукција во Судска медицина, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Случајот во полиција мажот го пријавил вчера во 16.05 часот. Тој се легитимирал како вработен во Комунална хигиена, но вреќата со трупот ја пронашол, како што кажал во полиција, во близина на патот кон Горно Оризари, додека работел на нива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...