Гутереш: Индија и Пакистан да покажат воздржаност

Тој предупреди дека членовите на мировната мисија на ООН кои го надгледуваат прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан во Џаму и Кашмир „регистрирале зголемување на воените активности по должина на контролната линија”.

81
Photo: EPA / JUSTIN LANE

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност откако Индија ја укина автономијата на индискиот дел на Кашмир, со цел да го интегрира тој регион со мнозинство муслимани.

Гутереш „апелираше до сите страни да покажат воздржаност”, рече портпаролот на ООН, Стефан Дијарик.

Тој предупреди дека членовите на мировната мисија на ООН кои го надгледуваат прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан во Џаму и Кашмир „регистрирале зголемување на воените активности по должина на контролната линија”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...