Доколку „мака мачите“ со вишокот килограми, можеби вашиот сојузник во оваа борба е токму најстарата диета на светот.
Така, во својата книга „The Greek Diet“, Марија Лои и Сара Толанд ги откриле фактите за ваквиот режим на исхрана и истиот го посочиле како еден од најефикасните при борбата со килограмите.
Маслиново масло: Дури и мирисот ви помага да ослабете
Маслиновото масло содржи многу повеќе здрави влакна во споредба со било кој друг вид на масло. Истражувањата покажале дека консумацијата на маслиново масло, наместо заситените масти, ја зголемува енергијата, па на тој начин се согоруваат калории, па дури и во текот на седењето или спиењето.
Грчки јогурт: Вистинска бактерија за согорување масти
Грчкиот јогурт може да го згасне чувството на глад, го зголемува чувството на ситост, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го спречува прејадувањето, а сето тоа е благодарение на фактот дека јогуртот содржи многу повеќе протеини во споредба со било кој друг напивка кој може да се купи во продавниците.
Важно е да се нагласи дека телото троши повеќе калории при варењето на протеините. Јогуртот е најдобриот начин во организмот да ја внесете потребната дневна доза на пробиотици. Студиите покажале дека доколку немате соодветна количина и вид на бактерии во стомакот, без оглед на тоа колку малку јадете, нема да забележувате резултати во процесот на слабеење.
Зеленчук како замена за брзата храна
Доколку на вашиот организам му недостасуваат витамини, минерали и антиоксиданси, сигурно нема лесно да ослабете. Истражувањата покажуваат дека зеленчукот го зголемува нивото на енергија во организмот и го забрзува метаболизмот.
Околу 90 отсто од зеленчукот е составен од вода, па затоа истиот може да ја спречи дехидратацијата на вашиот организам. Водата исто така го зголемува вкусот на храната, без притоа да ја зголемува калориската вредност, а зеленчукот сигурно ќе ви овозможи подолго да се чувствувате сити.
Грав: Двата видови на влакна се потребни за согорување масти
На организмот му се потребни двата вида на влакна, и растворливите и нерастворливите. Ниту еден друг вид на храна не ги поседува двата вида на влакната, освен гравот.
Растворливите влакна создаваат чувство на ситост, додека пак нерастворливите влакна ја апсорбираат водата. Заедно тие создаваат чувство дека сте сити, со полн желудник.
Морски плодови: Го зголемуваат согорувањето на мастите
Речиси 99 отсто од Американците не внесуваат доволно омега-3 киселини, коишто се клучни за метаболизмот, регулирањето на нивото на шеќер во крвта и сите други фактори кои се важни за телото да се ослободи од непотребно наталожените масти.
Мрсните риби имаат повеќе омега-3 киселини, како што е туната, меѓутоа, морските плодови содржат повеќе EPA/DHA омега-3 киселини, тип на масти што важат и за најздрави.
Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Онтарио, доколку ги вклучите школките и рибата во своето мени, барем два пати во текот на неделата, ќе успеете да го забрзате вашиот метаболизам и ќе го спречите таложењето на масти во пределот на стомакот.