Дизелот поскапе за половина денар, бензините по стара цена

Дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 62 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по цена од 52 денари за литар.

440

И оваа недела „еуросуперот“ од 95 октани ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар, а „еуросуперот“ од 98 октани по цена од 71,50 денар за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторите меѓутоа ја зголемија цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари за литер. Така дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 62 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по цена од 52 денари за литар.

Малопродажната цена, пак, на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,163 дененари за килограм и ќе изнесува 35,343 денари за килограм.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...