Шпанско училиште ги учи децата на домаќински работи

На тие часови, момчињата учат да пеглаат, да шијат, да готват и да извршуваат други домашни работи, како што се поправки на водово иструја, мајсторисување околу ѕидање и столарија.

76

Пеглање, шиење, готвење, повеќето луѓе ги учат овие вештини дома, а не во училиште.

А можно е и поинаку – на пример, кога училиштето ќе го додаде и домаќинството на листата од предмети за да им го покаже на своите ученици, особено на момчињата, значењето на родовата рамноправност и да гипобеди владеачките стереотипи врзани за извршувањето на домашните работи.

Шпанското училиште Монтекастело ги учи своите ученици токму на ова. Нивното мото е: Рамноправноста се гледа на дело.

Во 2018.училиштето во градот Виго објавило дека во списокот на училишни предмети ќе го вклучи и домаќинствотоНа тие часови момчињата ќе учат да пеглаат, да шијат, да готват и да извршуваат други домашни работи, како што се поправки на водово и струја, мајсторисување околу ѕидање и столарија. Наставниците и родителите соработуваат и ги усмеруваат учениците. Часовите ги водат наставници волонтери, како и татковци на некои ученици.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...