Млекара „Здравје Радово“ доби сертификат „Фер со потрошувачот“

137

Млекара „Здравје Радово“ е единствената компанија од млечната индустрија во Македонија која го доби сертификатот „Фер со потрошувачот“.

– Со ова уште еднаш ја потврдуваме нашата фокусираност кон купувачите. Сакаме да го слушнеме нивното мислење, потреби, очекувања и сугестии, сѐ со цел да имаме повеќе задоволни и лојални купувачи на нашиот бренд. Главна цел и мотив за нас како компанија е да ја зголемиме довербата и задоволството на потрошувачите. Грижата за здравјето и безбедноста на нашите производи е главна мисија во текот на целото работење на компанијата. Единствената цел е потрошувачот да го добие најдоброто за своите пари – велат од компанијата.

Оттаму порачуваат: Вашите права како наши потрошувачи се наша цел за взаемна и успешна мисија.

Овој сертификат е уште еден печат со кој како компанија Млекарата „Здравје Радово“ се одвојува од конкурентите и покрај многубројните сертификати кои ги има како компанија која работи по европски стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...