Од плинска боца се запалила зградата „папагал“ во Скопје, изгоре еден стан

492

Пожарот што избувна синоќа во зградата „папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје е целосно изгаснат. Повредени нема, опожарен е еден стан, а неколку се оштетени.

Од Противпожарната единица на Град Скопје за МИА информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 22.30 часот. Противпожарната единици интервенираше пет возила и 11 пожарникари кои прво го локализираа, а околу 23 часот и целосно го изгаснаа пожарот.

Повредени нема. Изгорен е станот во кој избувна пожарот, а неколку соседни станови се оштетени.

Спред првичните сознанија, причина за пожарот била плинска боца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...