Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените во Законот за земјоделско земјиште кои гарантираат правилна, транспарентна и функционална распределба на државното земјоделско земјиште, изјави Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.
– Овој Закон создава услови за мотивирање на младите земјоделци до 40 години кои ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот. Со Законот се проширува намената за доделување на државното земјоделско земјиште за поставување на пчелни семејства, што беше долгогодишнен проблем на одгледувачите на пчели – рече Прентовиќ.
Таа вели дека законот обезбедува можност за окрупнување на обработливите површини и до 10 хектари, што е предуслов за зголемен обем на производство на квалитетни и конкурентни земјоделски производи.