Шпанците од Средоземното Море спасија 123 мингранти кои биле жртви на насилство во Либија

72

Шпанска хуманитарна група денеска соопшти дека спасила 123 мигранти од брод во Средоземно Море.

Мигранти биле спасени во две операции. Според Организацијата голем број од мигрантите „покажувале знаци на претрпено насилство во Либија“.

Претходно, Италија се закани дека ќе ги казни невладините организации со 50.000 евра ако брод со мигранти вплови во италијанските територијални води.

Според податоци на Меѓународната организација за мигранти, годинава 840 мигранти починале обидувајќи се да го поминат Средоземно Море и да стигнат до Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...