БиХ мора да се ослободи од фосилните горива ако сака во ЕУ

52

Ако БиХ сака да стане земја-членка на ЕУ, ќе мора најдоцна во наредните 31 години целосно да ја ослободи својата економија од загадувачки фосилни горива, кои стимулираат глобално затоплување и влијаат врз здравјето на луѓето, според ЕУ.

Како што оценува Брисел, БиХ не сториле доволно за навремено да се преориентираат на обновливи извори на енергија, истакнувајќи го како посебен проблем континуираното инсистирање на изградба на термоцентрали, наместо да се фокусира повеќе на обновливи извори на енергија, пренесуваат Независне.

Посебен проблем, како што е нагласено во аналитичкиот извештај, е недостиг на политики за енергетска ефикасност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...