Лондонската полиција потрошила 3,4 милиони фунти за обезбедување на Трамп

109

Државната посета на Доналд Трамп на Велика Британија ја чинеше лондонската полиција речиси 3,5 милиони фунти, пренесува „Гардијан“.

Десетици илјади лица протестираа против посетата на претседателот на САД во главниот град на Велика Британија. Полицијата потрошила 3.419.905 фунти, со оглед на тоа дека за време на тридневната посета беа мобилизирани повеќе од 6.300 службеници заради одржување на редот во британската престолнина.

Лондонската полиција потроши помалку од три милиони фунти при претходната посета на Трамп во 2018 година, иако вкупната цена на четиридневната турнеја на островот изнесуваше 14,2 милиони фунти.

Трамп помина три дена во Велика Британија за време на неговата државна посета, која започна на 3 јуни и вклучуваше државен банкет со кралицата во Бакингамската палата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...